До крајот на годината, односно додека не излезе вакцината против коронавирусот, ќе имаме „свето тројство“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Advertisements

Објаснувајќи како ќе изгледа враќањето во нормала, тој рече дека „светото тројство“ ќе значи задолжително носење маска, одржување дистанца и дезинфекција додека не излезе вакцината, а тоа ќе биде најверојатно до крајот на годината или почетокот на следната.

Advertisements

– Верувам дека во периодот кој ќе следи и до крајот на годината, веројатно и почетокот на следната, додека не излезе вакцината како начин да се стекне имунитет, ќе имаме „свето тројство“, а тоа е носење маска, одржување дистанца од метар и пол или два и задолжителна дезинфекција на раце, тоа ќе биде постепено враќање во нормала, но не со нормална динамика уште на почетокот, изјави Филипче.

Advertisements

Во однос на тоа дали угостителските објекти, трговските центри и обложувалници ќе започнат да работат сите одеднаш, министерот е категоричен, тоа нема да се случи така.

– Една работа е сигурна, сите нема да се вратат веднаш во работа, очигледно дека и тоа ќе биде по препорака на Комисијата на почетокот на следната недела, прв ќе може да се врати субјект кој може да функционира по шалтерски систем, па сите други субјекти кои ќе треба да организираат работа прво на отворен, па во затворен простор и паралелно на тоа и организација на градинките, кога ќе почне се да работи ќе мора луѓето децата некаде да ги однесат, изјави министерот.

Advertisements