Германските научници постигнаа огромен успех во потрагата по лек за новиот коронавирусот. Имено, тие успеаја да го докажат постоењето на антитела кои го спречуваат вирусот да навлезе во клетките.

„Ова е јасен напредок што покажува дека ние сме на вистинскиот пат кон развој на лек за Ковид-19“, изјави Лука Цицин-Саин од Центарот за истражување на инфекции „Хелмхолц“ во Брауншвајг.

Advertisements

Според „Брауншвајг цајтунг“ Цицин-Саин и неговиот тим анализирале 6.000 различни вештачки направени човечки антитела.

Според сознанијата тие нашле повеќе од 750 антитела кои се закачуваат на коронавирусот, што е предуслов за успешна борба против него.

Од овој момент ќе почнат да се тестират ефикасноста на овие антителата.

Целта на овие научници е да најдат лек со кој тешко заболените корона-пациенти ќе бидат акутно лекувани.

„Принципот на кој работиме е т.н. пасивна имунизација“, објасни Стефан Дибел од Техничкиот универзитет во Брауншвајг.

Целта на научниците е со нивниот лек до есен да се лекуваат првите пациенти со Kовид.

Advertisements