Согласно инкубацијата на ова заболување од 10 до 14 дена, ние ги лоцираме проблемите дека се случиле некаде околу Велигден и 1 Мај, вели членот на Комисијата за заразни болести

Advertisements

Комисијата за заразни болести денеска изрази загриженост од бројот на новозаболени лица од коронавирусот – 36, особено во полошкиот регион, каде во Тетово и Гостивар има нови 13 случаи, но и во Велес и Скопје.

Затоа било одлучено дека нема да бидат препорачани никакви мерки за олабавување, со цел да се утврди дали станува збор за состојба која се случува само еден ден или е нешто што ќе треба дополнително да се анализира, согласно резултатите од тестирањата во наредните два дена, изјави за Телма, прим. д-р Жарко Караџовски.

Advertisements

„Она што ние денеска констатиравме е дека треба да направиме увид на терен, за што ќе се формираат два тима, во состав: епидемиолог, инфектолог, претставник на Министерство за здравство и на Државен санитарен и здравствен инспекторат. Овие четири лица ќе одат на увид во Центарот за јавно здравје Тетово и Центарот за јавно здравје  во Велес и будно ќе ја следиме состојбата во наредните неколку дена и никаква одлука за олабавување на мерките нема да биде донесена додека не се добие информација за трендот на движење на заразното заболување ковид-19. Денеска констатиравме дека 20 лица од овие 36 биле во контакт со заразено лице. Тоа значи дека, најверојатно, се работи за непочитување на мерките кои се донесени во изминатиот период. Согласно инкубацијата на ова заболување од 10 до 14 дена, ние ги лоцираме проблемите дека се случиле некаде околу Велигден и 1 Мај”, изјави за Телма, прим. д-р Жарко Караџовски.

Advertisements