Нема олабавување на мерките за заштита од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Advertisements

Одлука е донесена од Комисијата за заразни болести на денешниот состанок и препорачано е на Владата сите досегашни мерки сѐ уште да бидат на сила.

„Трендот на нови случаи со КОВИД-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести в понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките“, велат од Министерството за здравство.

Advertisements

Од Министерството за здравство апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното.

Advertisements