Претседателот на државата, Стево Пендаровски на прес-конференција ги соопшти информациите од кои многумина стравуваа – прогласување на нова вонредна состојба.

Advertisements

Сепак, истата нема да биде 30 денови како претходните две туку ќе треа 14 денови.

Важна информација која ги носи граѓаните во заблуда е дека со вонредната состојба не значи дека ќе има и полициски час, а воедно и мерките можат да бидат олабавени и маркетите, кафичите и другите угостителски дејности да започнат да функционираат.

На состанокот на Советот за безбедност каде домаќин е Пендаровски, се разгледала препораката на Владата каде се бараат дополнителни 30 денови вонредна состојба.

Advertisements

Покрај тоа, состанокот според соопштението од прес-службата, бил дополнет и усвоен Протоколот со препораки и упатства за излез и влез во Северна Македонија за избрани функционери вработени во Влада, во министерствата и за македонските државјани.

Заклучок е дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука ќе треба одобрување од Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со ковид-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.

Advertisements
Advertisements