Кога ќе се отворат границите, мерката задолжителен државен карантин ќе биде невозможно да се спроведе и ќе се укине, најави министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави ист пристап кој ќе важи за повеќе земји во регионот.

Advertisements

-Најпрво ќе ги договориме овие работи во однос на нашата билатерална соработка со Грција, па потоа и со другите соседни земји, рече Филипче во интервју за Сител, по враќањето од Атина.

Исто така кажа дека засега не се планира промена на времетраењето на полицискиот час, а евентуални одлуки би се носеле во текот на следната недела.

Министерот Филипче по средбата истакна дека разговорот поминал во исклучително позитивна атмосфера каде и двајцата се согласиле дека е потребно да се обезбеди брз проток на границите кои се исклучително оптоварени во текот на летото и да се обезбеди лесен пристап до здравствени услуги на граѓаните доколку евентуално се случи да бидат заболени во текот на престојот во Грција и Македонија.

Advertisements

Во текот на следната недела двете земји ќе ги подготват предлог протоколите кои потоа ќе бидат усогласени и потпишани. Исто така, овие протоколи ќе бидат разговарани и со другите соседни земји со цел унифициран пристап и услуги во регионот кој значително ќе им го олесни движењето на граѓаните.

Министерот Филипче најави дека во вторник треба да се одржи нов состанок заедно со Министерството за надворешни работи на Македонија и Грција, каде дополнително ќе се прецизираат условите и правилата за движење.

Advertisements
Advertisements