Европските земји мора да се подготват за смртоносен втор бран на коронавирус инфекции затоа што пандемијата не е завршена, рече во интервју за „Дејли Телеграф“, д-р Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација во Европа.

Advertisements
Advertisements

Клуге ги предупреди земјите што почнуваат да ги олеснуваат своите ограничувања, дека сега е „време да се подготват, а не да слават“.претставникот на СЗО истакнал дека тоа што бројот на случаи на ковид-19 во земји како Велика Британија, Франција и Италија почнува да се намалува, не значи дека пандемијата завршува.

Епицентарот на европскиот појава сега е на исток, при што бројот на случаи се зголемува во Русија, Украина, Белорусија и Казахстан, предупреди тој.

Advertisements

Државите треба да го искористат ова време мудро и да почнат да ги зајакнуваат системите за јавно здравје, како и да градат капацитети во болници, одделенија за итни случаи и интензивна нега. Доктор Клуге предупреди дека вториот бран може да се совпадне со појава на други заразни болести.

Advertisements
Advertisements