Бугарија, Грција и Србија постигнале договор за отворање на границите од 1 јуни за секаков вид на патувања. При влез нема да се бараат тестови и нема да има никакви карантински мерки. Информацијата пред малку на прес-конференција ја соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов. Тој рече дека при влез во земјите ќе се пополнува формулар со кој патниците ќе потврдат дека во моментот на патувањето не се наоѓаат во карантин.

Advertisements

Кон овој договор како што рече Борисов веројатно ќе се приклучи и Романија.

Што ќе се случува со патувањата од и во Македонија се уште нема официјална информација. Министерот за здравство Венко Филипче минатата недела рече дека е во преговори со грчкиот колега кои треба да резултираат со договор а патување без карантин и здравствени пасоши.

Advertisements

Доколку Македонија остане надвор од овој договор тоа ќе биде силен удар и за македонската економија, особено ако се знае дека голем број туристи од Европа кои одат во Грција поминуваат токму низ нашата земја.

Advertisements
Advertisements