Бил Гејтс и најголемата телекомуникациска компанија во Јужна Кореја ги здружија силите за да создадат систем на иднината за следење на карантинот. Според новиот систем, телефоните ќе ја мерат температурата на сопственикот, ќе забележуваат други симптоми на болеста, ќе следат каде се движат луѓето.

Advertisements

Јужнокорејската компанија КТ, мултинационален гигант, планира да користи пристап до податоци за комуникација, со цел да добие рано идентификување и препознавање на ширењето на заразни болести, пренесува РТ. Сензорите во мобилните телефони би ја мереле температурата и би ги откривале знаците на болеста, а GPS-мониторингот ќе ги сними движењата на потенцијалните носители на вирусот и нивните контакти.

Во следните три години, КТ сака да развие алгоритми засновани на вештачка интелигенција, кои ќе преведат такви „чисти“ податоци во систем што може рано да предупреди на епидемијата, чиј развој штотуку започнал.

Корејската компанија исто така сака да развие компјутерски модел кој би предвидувал како се шири епидемијата.

Системот, наречен „Студија за надзор на следната генерација за подготвеноста за епидемија“, се очекува да чини скоро 10 милиони американски долари, со половина од трошоците што ќе ги сноси Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, соопшти јужнокорејската компанија.

Advertisements

Соработката помеѓу Гејтс и јужнокорејската компанија беше најавена во 2018 година, а сериозни преговори започнаа во април минатата година, тврдат корејските медиуми.

Фондацијата Гејтс покажа посебен интерес, бидејќи Јужна Кореја има голем процент од 5G мобилни телефони и развиена инфраструктура што овозможува пренесување на големи количини на податоци.

„Употребата на мобилна технологија и сензорите, заедно со анализата на податоците, можат да им помогнат на земјите да се справат и да реагираат ефективно на епидемиите“, рече Ендру Тристер, заменик-директор на глобалната здравствена програма на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Бил и Мелинда Гејтс се познати како застапници на големите инвестиции, со цел подобро да се подготват за можни епидемии. Двајцата ја пофалија Јужна Кореја за нејзината реакција за време на епидемијата на коронавирусот.

Advertisements
Advertisements