Во следните денови може да се очекуваат случаи на новозаразени со коронавирус во Струга, изјави вечерва министерот Венко Филипче во интервју за ТВ 24 одговарајќи на новинарско прашање дали литијата што се одржа во овој град на 7 мај може да предизвика нови случаи.

Advertisements

„Од оддлението во Струга не’ известуваат дека има лица кои доаѓаат со белодробен наод кој одговара на ковид – 19 и тоа се луѓе кои присуствувале на литијата. Ќе видиме дали е така. На таков настан каде не се одржува физичко растојание, не се носат маски може да се очекува дека вирусот се шири“, рече Филипче за ТВ24.

Advertisements

Тој повтори дека ситуацијата со вирусот сепак стивнува и има апсолутна контрола врз бројот на пациенти, нема изненадување од каде е некој контакт, односно дека последните случаи се резултат на семејни собирања.

Advertisements
Advertisements