Една од најголемите енигми на човекот, од почетокот на годинава, паралелно со стравот од пандемијата на корона вирусот е воведувањето на 5Г технологијата.

Advertisements

Во однос на ова прашање, академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, цитира двајца врвни експерти од оваа област, чиј став, како што вели е јасен: нема потреба за страв, имплементирањето на 5Г технологијата треба да биде придружено со воведување мерки за безбедност, што вклучува вложување во науката, воведување соодветни прописи и мерки за спроведување на прописите. Но, академик Коцарев, кој и самиот е врвен експерт од областа на електротехниката и физиката додава и свое мислење изградено врз основа на неколку научни публикации.

-Набргу, 5Г ќе стане основа за воведување други напредни технологии: електронското здравство, автономните возила, паметните градови, паметните домови, интернетот на нештата и др. Во една научна публикација од 2013 година (станува збор за трудот Kosinski, Stillwell, and Graepel, “Private traits and attributes are predictable from digital records of human behavior,” Proceedings of the National Academy of Sciences, 110.15 (2013): 5802-5805), истражувачите покажаа дека лесно достапната дигитална евиденција за однесувањето, FacebookLikes, може да се користи за, автоматски и прецизно, да се предвиди психолошкиот профил на поединецот, вклучувајќи: сексуална ориентација, етничка припадност, религиозни и политички ставови, особини на личноста, интелигенција, среќа, употреба на зависни супстанции, родителска поделба, возраст и пол. Овие анализи овозможија, во 2016 година, според списанието The New York Times (McKenzie 2016), врз основа на тоа што постојат “приближно четири до пет илјади податоци за секој поединец”, да се генерираат модели на “личноста на секој возрасен човек во САД, околу 230 милиони луѓе“. Фрапантно, но истовремено и ужасно. 5Г, за жал, само дополнително ќе ја зголеми жедта за нови ресурси, што ќе предизвика потрага по сè подлабоки слоеви на податоци кои може да се користат за да се измери човечката психа, свесна и несвесна, приватна и јавна, индивидуална и општа. Така, 5Г може да заврши и како основен сервис на авторитаризмот. Со други зборови, воведувањето мерки за безбедност, вложување во науката, воведување соодветни прописи и мерки за спроведување на прописите, треба да се однесуваат и за овие можни примени и злоупотреби на 5Г технологијата.

истакнува академик Коцарев
Advertisements
Advertisements