Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност.
Advertisements
Советот се очекува да одлучи за евентуална нова, четврта, одлука за вонредна состојба по двете 30 дневни и последната двонеделна што беше донесена на 15 мај.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, на седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на Пендаровски, ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.
Advertisements
Денеска истекуваат последните 14 дена од последната вонредна состојба, која Пендаровски ја прогласи на 18 март.
Advertisements
Advertisements