Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти, објави Си-ен-ен.

Трамп во петокот вечерта поминал еден час во бункерот, рекол неименуван извор кој сакал да остане анонимен.

Advertisements

Посебниот бункер под Белата куќа е направен за да се засолнат претседателот и високи функционери во случај на терористички напад или сличен вонреден инцидент.

„Белата куќа не ги коментира протоколите и одлуките“, рекол портпаролот на Белата куќа.

Тајната служба, исто така, соопштила дека не ги објавува методите на своите безбедносни операции.

Не е јасно дали во бункерот биле и сопругата на Трамп, Меланија, и нивниот 14-годишен син Барон, наведува АП и додава дека, според протоколот, сите кои се под заштита на тајната служба треба да бидат во бункерот.

Advertisements

Низ целата територија на САД има протести поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец.

Протестите почнаа мирно, но се претворија во нереди поради што американската власт воведе полициски час во повеќе држави, а активирана е и Националната гарда.

Advertisements
Advertisements