Министерот за здравство Венко Филипче вели дека повикот на епископот на Повардарската епархија Агатангел верниците масовно да дојдат во црквите за Задушница е спротивен на се она што го прават здравствените власти за спречување на ширењето на заразата на коронавирус, пишува Фокус.

Advertisements

Тој побара од епископот да го повлече повикот за да не дојде до загрозување на здравјето на граѓаните.

„Го повикувам епископот да го повлече повикот, тој е спротивен на сѐ она што го правиме и спротивно на уредбите на Владата. Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму“, кажа Филипче на промоцијата на 20 респираторни машини од донација од Европската Унија.

Штом не може на гробишта поради пандемијата, тогаш во храмовите, понесете си варена пченица, црвено вино и список со имињата на починатите, се вели во соопштението на епархијата.

Advertisements

-Со оглед на новонастаната состојба во нашата држава, а заради панедмијата со Ковид – 19, која се однесува на забраната за посетување на гробните места за денот на покојните –Духовденска Задушница, се известуваат и повикуваат сите верни чеда на Повардарската православна епархија од сите населени места кои се наоѓаат во нејзиниот состав, во деновите 05.06. 2020 ( петок) и 06.06.2020. (сабота), во периодот од 08-14 часот, да дојдат во храмовите ( дворовите на храмовите) и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

Advertisements

Во тој спомен на нашите претходно упокоени на ден 06.06.2020(сабота) со почеток од 08 часот ќе биде отслужена и Заупокоена Литургија во сите храмови. Затоа ве покануваме достоинствено да им оддадеме почит на сите упокоени наши браќа и сестри во Христа – пишува во соопштението на Повардарската Епархија.

Advertisements
Advertisements