Прогнозите се дека ќе имаме поинаква многу подобра слика за состојбата со Ковид-19 во земјава до крајот на оваа недела, но ова го кажувам повторно со резерва заради тоа што ќе правиме анализи секој ден. Мора да сфатиме дека сите сме одговорни пред ова, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Advertisements

Појасни дека очекувањата се врз основа на сите податоци кои сега ги имаат: бројот на заболени, времето кога се дијагностицирани и мерките кои освен рестрикцијата на терен се спроведуваат во детална анализа на контактите и следните контакти, и дека на крајот на оваа неделата ќе има резултати.

– Но, одлуките и препораките ги носиме врз основа на две работи – прво тие бројки кои секојдневно се анализираат и деталната анализа на епидемиолошките анкети од каде учиме кои се податоци што пациентите ги даваат за начинот на трансмисија, меѓутоа и пресеците во претходните две недели секоја последователно, рече Филипче.

Advertisements

Потенцира дека вирусот е тука, тој нема да исчезне, и мора да научиме да живееме со него.

– Новите проекции за одвивањето на епидемијата, епидемиолошката крива во светот се и до 2025 година со прогноза за пикови и во 2022 година, додаде Филипче одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата пред Секретаријатот за европски прашања по повод испораката на преостанатите осум уреди за механичка вентилација и различни единици на лична заштитна опрема од поддршката на ЕУ за земјава за борба против Ковид-19.  

Advertisements
Advertisements