Бил Гејтс не сакаше да ги коментира бројните теории на заговор дека тој сака да ја искористи пандемијата на ковид 19, за да ги следи луѓето со микрочипови.

По излегувањето на САД од СЗО, еден од најбогатите луѓе на светот е на пат да стане главен финансиер на оваа организација, пренесува РТС.

Advertisements

– Многу е тешко да ги слушаш тие информации, бидејќи се толку глупави и чудни, а нивното постојано повторување им дава кредибилитет

рекол Гејтс за бројните теории на азговор кои кружат околу него од почетокот на пандемијата од коронавирусот.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ неодамна вети дека 1.6 милијарда долари ќе ја финансира групата „Гави“, која парите ќе ги искористи за децата во сиромашните краеви во светот.

Advertisements

Разни теории на заговор кои го поврзуваат Гејтс околу коронавирусот, тврдат дека тој сака да ги следи луѓето со тоа што ќе им вгради микрочипови преку вакцинација против ковид 19, до крајот на мај се споменати повеќе од милион пати на интернет, тврди аналитичката компанија „Зигнал Лебз“.

– Никогаш не сум бил вклучен во било каков план кои вклучува микрочипови – рекол основачот на „Мајкрософт“, признавајќи дека ваквите теории се вознемирувачки за него – пренесува Бизнис инсајдер.

Advertisements
Advertisements