Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина Ерик Нелсон побара од властите на таа земја да не набавуваат телекомуникациска опрема од кинески производители и да се води посебна грижа за ова при воведување на мобилната мрежа 5Г.

Advertisements

На својот профил на социјалната мрежа ,, Линкедлн,, , амбасадорот Нелсон денеска потврди дека таквото барање во име на својата влада го доставил до министерот за транспорт и врски на БиХ, Војин Митровиќ.

Тој експлицитно ги спомна кинеските производители како Хуавеј и ЗТЕ како проблематични.

,,Треба да се внимава да не се користи опрема од Хуавеј или ЗТЕ, како и од другите недоверливи производители, со што се спречи да оневозможат, негираат или нарушуваат телекомуникациските услуги за сите граѓани, деловни активности, влади и важна инфраструктура,,

напиша амбасадорот Нелсон
Advertisements

Тој, исто така, потврди дека му пренел на министерот Митровиќ за интересот на американските компании да инвестираат во Босна и Херцеговина и ,,да донесат американска технологија и знаење во БиХ,,

Advertisements
Advertisements