Пандемијата на коронавирусот се влошува и открива нови жаришта на опасниот вирус, предупреди директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејсус.

Advertisements

„Иако се чини дека заразата во Европа се смирува, две третини од случаите на Ковид-19 доаѓаат од 10 земји во Северна и Јужна Америка, како и Азија“, изјави Гебрејсус.

Тој предупреди дека опуштањето е најголемиот непријател и апелираше сите земји во светот да спроведуваат „активен надзор“ на епидемиолошката ситуација.

„Без надзор и мерки на заштита, можно е вирусот повторно да се прошири“, изјави првиот човек на СЗО.

Advertisements
Advertisements