Новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Ефенди Фетаху на денешната прес-конференција рече дека коронавирусот постои и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките. Новиот Реис вети транспареност и соработка, но сепак не ги откри причините поради кои беше разрешен Сулејман Реџепи.

Advertisements

-Оваа болест е вистинска, сите компетентни органи и институции во светот потврдиле дека постои. Ние сме верски институции и не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или не. Институциите кои се професионални и стручни потврдиле дека постои, а во посебно во последно време короната се шири бргу во Македонија. Апелирам да бидеме сериозни, да се придржуваме кон сите мерки кои ги поставиле органите и да дадеме придонес за што побргу да излеземе од оваа состојба. Ние како ИВЗ влеговме во оваа борба со зборовите „страв не, но голема свест против оваа болест да“. Мораме да се бориме со сите сили да се надмине ова, рече Фетаху.

Пред да биде разрешен неговиот претходник Сулејман Реџепи, по молитва во Мустафа-пашината џамија за Рамазан бајрам го прогласи коронавирусот за мртов.

Advertisements

Според Фетаи, одлуката за разрешување е донесена согласно уставот на ИВЗ за кои не сака поопширно да зборува. Анализите од кои причини дали финансиски неправилности или приватни работи на Реџепи, допрва ќе де прават во ИВЗ, а со аргументите ќе излезат во наредниот период. Институцијата ја дочекале стабилна, имале добро и мирно примопредавање на функцијата со Реџепи.

Advertisements
Advertisements