Не постои ниту еден единствен податок дека некој човек се заразил ако ги почитувал мерките, изјави министерот за здравство Венко Филипче, во денешното гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ.

Advertisements

„Не постои ниту еден единствен податок, ниту еден анкетен епидемиолошки лист којшто укажува на тоа дека човек се заразил ако ги почитувал мерките. Правевме анализа и направивме увид, или не се носеле маски или имало голем собир со огромен број на луѓе на мала дистанца, или дистанцата не се почитувала во рамките на малите семејни настани. Ова е уште еден показател дека единствен начин да се заштитиме е почитувањето на овие мерките“ рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за зголемениот број на ново дијагностицирани случаи, Филипче објасни дека во изминатиот период се прави интензивно тестирање на контакти, пред се на оние кои се во висок ризик.

Advertisements

„Здравствениот систем навреме регираше на коронавирусот, со пристап кој значи интензивна анализа и тестирање на сите контакти на новозаразените, пред се оние кои се со визок ризик. Тоа не доведе во ситуација да имаме навистина голем број на детектирани случаи.

-Под 15% е бројот на дијагностицирани лица кои се наоѓаат на болничко лекување, додека останатите се со полесни симптоми и се наоѓаат на домашно лекување или се целосно асимтоматски случаи. Асимптоматската трансмисија е една од најголемите слабости насекаде во светот во детектирањето на ширење на вирусот.

-Затоа заземавме став да имаме вака агресивна стратегија. Идентификување на сите контакти кои имале претходно физички контакт со заболените лица со цел навреме да бидат ставени во изолација, да го пресечеме ланецот на пренос на инфекцијата.“, изјави министерот Филипче.

Тој образложи дека во последните денови секаде во регионот има пораст за заразни со ковид-19, но не можат да се споредуваат само бројките на нови случаи, без притоа да се земе предвид структурата на здравствениот ситем, стратегијата и пристапот во тестирањето на секоја од земјите.

Advertisements

Викендов ќе има одлука за целосно отворање на границите без карантин и тестови

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашното гостување на ТВ 21, изјави дека викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите, односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела.

„Отворањето на границите е нешто што бара регионална координација на сите земји во регионот. Проценката е дека сите имаме сличен или ако не ист епидемиолошки ризик, исти карактеристики за време на првиот бран и временски во однос на интензитетот и со очигледно исти карактеристики, само што ние сме први кои изреагиравме. Но, многу е битно да имаме координација за да се следат сите контакти доколку тоа е потребно. Ние ќе разговараме за отворање на границите за време на викендот и одлука ќе донесеме на почетокот на следната недела“, изјави Филипче за ТВ 21.

Филипче истакна дека со отворањето на границите во целиот регион, карантините ја губат смислата заради тоа што веќе ќе има слободен проток на граѓани, возила итн.

„Јас, практично на секои два три дена имам билатерални контакти и телефонски разговори со сите министри за здравство од соседните земји како Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија со цел да ги споделиме искуствата, динамиката на одвивањето на новооткриени случаи. Ние донесовме одлука дека сите странци од околните соседни земји доколку се затекнат во нашата земја и ќе покажат симптоми или се сомнителни или се јавуваат во болница, ќе добијат бесплатно лекување“, рече Филипче.

Advertisements
Advertisements