Владата денеска врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПСР-тестови и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, објави премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук.

Advertisements

Премиерот напиша и дека Владата денеска донела Одлука од 1 јули 2020 да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид.

-Согласно овие одлуки, Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни, соопшти премиерот на фејсбук-профилот.

На денешната седница Владата донела и одлука, исто така од петок, 26 јуни, угостителските објеки да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа.

Advertisements

Од петок, 26 јуни 2020 година, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите.

-За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки, напиша Спасовски на Фејсбук.

Advertisements
Advertisements