Филипче додаде дека повеќе скопски општини имаат над 100 заразени со Ковид – 19.
Скопската општина Чаир засега има најмногу заразени со коронавирусот.
Оваа општина и натаму е прва со 413 активни случаи на Ковид-19, а зад неа следуваат Гази Баба со 149 случаи, Сарај со 141, Бутел со 136 случаи, Аеродром со 135 случаи, Центар со 127 случај, Карпош со 124 случаи и Кисела Вода со 101 случај.
Advertisements
Другите скопски општини имаат помалку од 100 заразени. Во последните 24 часа во земјава се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на позитивни.
Скопје и Тетово имаат најмногу нови случаи на заболени.
Advertisements