Дополнителна мерка во справувањето со пандемијата и зголемениот број на случаи со Ковид-19 е рестрикцијата во движењето и тоа е единственото нешто што би можело да се воведе, но засега нема никаква препорака за враќање оваа рестрикција, изјави на министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција.

Advertisements

Тој предупреди дека есенските месеци би можеле да бидат многу поголем предизвик за здравствениот систем и од првиот и од вториот бран бидејќи започнуваат да работат и училиштата.

„Пред нас имаме летни месеци. Изминатите 5-6 дена факторот Р 0, факторот е под еден и се надевам дека така ќе остане и во наредниот период и врз основа на тоа ќе видиме намалување на бројот на пациенти. Но, доаѓаат и есенските месеци, кога времето нема да биде убаво, луѓето ќе бидат повеќе на затворено, ќе почнат да работат и училиштата. Тоа се сериозни ризик-фактори, заедно со останатиот број пациенти, поради друга патологија кои очекувано би ги пополниле истите капацитети кои се сега пополнети, може да претставуваат навистина сериозен предизвик за нашиот здравствен систем, многу поголем и од првиот и од вториот бран, не само кај нас туку секаде“, изјави Филипче.

Тој најави дека здравствениот систем се подготува за новиот бран на есен, се прави план за капацитетите. Покрај постоечките капацитети на располагање ќе се стават и болниците во Лешок, Јесеново, Кавадарци и други, но целта е, рече Филипче, да не дојде до тоа.

Филипче повтори дека здравствената криза успешно се менаџира, а здравствениот систем е многу поподготвен отколку на почетокот.

Advertisements

Резултатите од борбата против епидемијата говорат изрично против министерот Венко Филипче. Македонија има најголема смртност од сите држави во регионот, има најдолг период на зараза кој трае веќе четврти месец на високо ниво на заразеност иако кај сите други држави епидемијата. Македонија е единствена земја во регионот која не купи ни еден единствен респиратор или медицинско возило за помош на тешко заразените, а смртноста кај оние кои биле на респиратори е над 90%! Медицинскиот персонал сам купува заштитна опрема, а она што го има е добиено од донации а не со пари и одлука на државата, односно владата.

Прифаќањето Венко Филипче да се грижи за менаџирање на евентуалната епидемија на есен е повторување и влошување на најлошите состојби кои една држава во овој регион ги има и закана за иљадници заболени и нови стотици починати од епидемијата.

Advertisements
Advertisements