Сите вакцини кои се користат во здравствените домови низ земјава се од реномирани производители од земји на Европската Унија (Франција, Белгија, Бугарија), одобрени од СЗО и ги исполнуваат сите потребни стандарди, информираат од Министерството за здравство.

Advertisements

Оттаму нагласуваат дека редовната имунизација создава колективен имунитет, а невакцинирањето носи сериозни ризици од појава на епидемија, која може да има и фатални последици.

„Само со редовна имунизација можеме да го зачуваме јавното здравје“, се вели во денешното соопштение на Министерството за здравство и се посочува дека во 2019 година се воведени две нови вакцини кои ги штитат најмладите од пневмокок и рота вирус.

Advertisements

Минатата година, како што оценува Министерството, земјава успешно се справила со епидемијата од морбили, а опфатот со МРП вакцината бил 98 проценти.

„Од почетокот до одјавувањето на епидемијата, вкупно се вакцинираа 49.332 и со ова се исполни препораката на Светската здравствена организација“, велат од Министерството за здравство. 

Advertisements
Advertisements