Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во јуни се регистрирани дури 60 отсто од вкупно 10-те милиони заразени со коронавирус во светот, што, предупредува таа, покажува дека епидемијата се влошува, а не слабее.

Advertisements

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, изјави  дека секој ден има по 160.000 нови случаи и ги повика сите држави да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

-Пронајдете, изолирајте и грижете се за секој случај, следете ги и ставајте ги во карантин нивните контакти, обучете и опремети ги здравствените работници, едуцирајте и оспособете ги граѓаните да можат да се заштитат себе си и другите, рече Тедрос.

Тој предупреди дека земјите што применуваат само дел од мерките имаат „долг пат“, го пренесе „Гласот на Америка“.

Advertisements

-Не само тестирање. Не само физичко растојание. Не само следење контакти. Не само носење маски. Туку се одеднаш, рече Тедрос, нагласувајќи дека една од работите што ги научи во изминатите шест месеци е дека никогаш не е доцна да се промени ситуацијата во една земја.Директорот на СЗО истакна дека носењето маска понекогаш може да спаси живот.

Advertisements
Advertisements