Милијардерот Бил Гејтс во интервју за CBC News изјави дека во моментот сите вакцини на кои се работи против коронавирусот нема да бидат доволни за зашита ако се земат во една доза. Тој објасни дека како што стојат сега работите, луѓето ќе мора повеќепати да се вакцинираат против Ковид-19.

На овој начин Гејтс предизвика нова паника во јавноста, но и иницира низа теории на заговор.

Advertisements

Тој на почетокот на пандемијата велеше дека само се надева оти една доза вакцина ќе биде доволно за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Гејтс вели дека напорите за пронаоѓање вакцина против коронавирусот се огромни на глобално ниво.
,,Во овој момент се чини дека само една доза од вакцините што се прават нема да биде доволно за заштита на населението. Тоа можеби така се мислеше на почетокот. Можеби вакцините што во иднина ќе се создадат позитивно ќе не изненадат” .

изјавил Бил Гејтс

Тој објасни дека како што стојат работите засега, кога станува збор за постарите луѓе, можеби ќе мора да примат повеќе од две дози.

Advertisements
Advertisements