Advertisements

Македонија ќе воведе 5Г-технологија и за таа цел за почеток ќе потпише Меморандум за разбирање со НАТО, соопшти претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност.
Втора точка на дневниот ред на денешната седница на Советот, како што информира претседателот, биле безбедносните импликации во врска со 5Г-технологијата во државата.

Advertisements

– Втората точка на состанокот беа безбедносните импликации во врска со 5Г-технологијата кај нас. Како членка на НАТО сме обврзани стриктно да ги следиме сите протоколи. Заклучокот во овој домен е дека Владата и другите надлежни институции треба доследно да ги применуваат правилата и препораките на НАТО. Министерството за надворешни работи треба да почне да подготвува меморандум за разбирање, сличен на оној каков што потпишаа некои земји-членки на Алијансата од регионот и пошироко, со кој ќе се наведат прецизно нашите обврски, на компаниите, колку тие се компатибилни со работите – рече Пендаровски.

Advertisements
Advertisements